Избор Култура Македонија Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Интересот за изложбата „100 години Требениште“ се’ повеќе се зголемува

Скопје, 15. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Интересот за ексклузивната и интернационална изложба „100 години Требениште“ се’ повеќе се зголемува. За само еден месец од отворањето, изложбата ја посетија над 2.000 посетители, информираат од НУ Археолошки музеј на Македонија.

No photo description available.

– Она што е карактеристично за изложените предмети и што ги издвојува едни од други е нивната уникатност и впечатливост. Освен златните маски на оваа изложба можете да погледнете накит од злато, сребро и килибар, ексклузивни садови изработени од сребро и стакло, керамика итн, информираат од Музејот.

No photo description available.

Додаваат дека иложбата е отворена за посетители од вторник до недела од 10:00 до 18:00 часот па се’ до крајот на август. (Крај)

извор: НУ Археолошки музеј фото: НУ Археолошки музеј