Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Обид за грабеж во спортска обложувалница во Охрид

Охрид, 16. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, околу 30 минути по полноќ се случил обид за грабеж во спортска кладилница во населбата Воска во Охрид.

Супер радио неофицијално дознава дека пред затворање, во објектот влегло маскирано лице вооружено со пиштол, кое од вработената побарало да му ги предаде парите.

Откако истата го предупредила дека ќе се вклучи алармот, лицето го напуштило објектот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива