Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Повторно „битка“ на бармени во хотелот Sky Corner

Охрид, 17. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нова „битка“ на бармени овој петок, 19-ти април во новиот хотел Sky Corner.

Минатата недела гостите доживеаа едно поинакво искуство. Уживаа во пријатниот амбиент на објектот, но и во мајсториите и уникатните вкусови на коктелите кои ги приготвија двајцата врвни бармени Даниел Новиќ и Љупчо Јаковлески, кои пак уште еднаш ги оправдаа наградите кои ги имаат освоено на повеќе натпреавари.

– Задоволни сме како помина нашата условно „битка“ со колегата Јаковлески. Атмосферата беше одлична што можеше да се забележи и од реакциите на присутните. Тогаш имаа можност да вкусат коктели на база на цимет, ликер од ванила, вотка јаболко, потоа користевме и сируп од бело чоколадо, виски, џин кокос и праска. И на наредниот натпревар и двајцата ќе подготвуваме по три коктели, но нека остане изненадување со каков вкус и арома ќе ги почестиме гостите, изјави Новиќ за Супер радио и OhridPress.

Гостите ќе може да ги пробаат коктелите по промотивна цена од 180 денари и да дадат оценка за трудот на двајцата бармени.

Натпреварот ќе се случи в петок, 19-ти април, со почеток во 21:30 часот, во хотел Sky Corner. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење