Избор ОБРАЗОВАНИЕ

Предавање за опасностите од дијабет и здрав начин на живот во ОУ „Григор Прличев“

Охрид, 17. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОУ „Григор Прличев“ денес имаа можност да проследат значајно предавање, со цел да ги подобрат или променат навиките во исхраната и физичката активност.

Image may contain: 1 person, sitting and indoor

Предавањето беше во организација на Здружението на дијабетичари на град Охрид и Центарот за дијабет при Општата болница во Охрид. Овој проект е поддржан од Локалната самоуправа на Охрид и ќе се реализира во сите основни училишта во општината, а од први септември и во средните училишта.

Image may contain: one or more people and indoor

– Д-р Лилјана Ангелеска од Центарот за дијабет, успешно ги запозна учениците дека може превентивно да се делува со менувањето на животните навики, здравата исхрана, физичките вежби. Учениците повеќе време да поминуваат надвор, слободното време да го искористат за игра или спорт, при што мобилните телефони и компјутерите да бидат исклучени. На денешното предавање со учениците присутна беше и Гордана Волкан, претседател на Здружението на дијабетичари. Ваквите проекти кои ја опфаќаат најмладата популација се клучни, бидејќи ги поттикнуваат учениците од мали нозе да бидат свесни за своето здравје и да ја поттикнат грижата за себе. Правилната исхрана и движењето, директно ќе влијаат на подобрување и формирање на здраво тело, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива