Избор Локална самоуправа

Се чистеше пумпната станица „Канео“

Охрид, 17. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Одделението за одржување на канализациона и атмосферска мрежа на ЈП „Нискоградба“, изврши чистење на пумпната станица „Канео“, како и канализациона мрежа и ревизионите шахти.

– Поради непристапниот терен, машината за чистење беше транспортирана со кајче и се вршеше поединечно чистење. Вака темелно чистење на цевководите и шахтите не е извршено од 2003 година. Во претстојниот период продолжува профилактиката на цефководи и шахти низ целиот град, пред почетокот на туристичката сезона, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење