Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Реновиран ученичкиот дом во ОУТУ „Ванчо Питошески“

Охрид, 17. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во ученичкиот дом во склоп на ОУТУ „Ванчо Питошески“ се реализирани низа активности за реновирање и доопремување.

– Со зафатите беа опфатени промена на вратите од собите, заменети се старите плакари и поставени нови, набавени се 120 нови кревети и душеци, додека ресторанот се опремен со нови ресторански маси и столчиња. Средствата за реновирањето на ученичкиот дом беа издвоени од буџетот на Министерството за образование и наука, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење