Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Ученици од Охрид со воннаставни активности на тема: „Го сакам и се грижам за моето културно наследство“

Охрид, 17. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на програмата на Управата за заштита на кулурното наследство при Министерството за култура, се реализираат воннаставни активности во четири пилот-училишта низ државата, со поддршка на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Едно од тие училишта е и ОУ „Григор Прличев“ од Охрид.

Image may contain: 8 people, people smiling, people standing

Во рамките на оваа програма која има за цел одбележување на Европската година на културното наследство 2018 година, под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“, учениците реализираа воннаставни активности на тема: „Го сакам и се грижам за моето културно наследство“.

Image may contain: 1 person, smiling, outdoor

Image may contain: 4 people, people smiling, people standing, child and outdoor

– Од нашето училиште беа вклучени учениците од петтите одделенија, кои денес со учителките Биљана Иваноска и Валентина Трпческа ја посетија црквата „Св. Софија“. На учениците покрај краткото предавање бесплатно им беше поделена специјално изготвена наменска Боенка со претстави од разновидни културни добра од нашата држава. Овој едукативен час беше успешно реализиран. Ја поттикна љубопитноста кај учениците за културното наследство и побуди симпатии кон предавачите. Бидејќи во наставните планови наставниците ги реализираат токму овие содржини, одлично се вклопија и надополнија. Нашата држава изобилува со разновидно културно наследство: археолошки локалитети, цркви, џамии, традиционални куќи, обичаи и традиции… Богатство кое е наследено од нашите предци за идните поколенија, да го чуваат и негуваат, да му се восхитуваат и да го проучуваат, а пред сè, да го сакаат и почитуваат. Културното наследство од нашата земја е создавано низ многу векови и опстојува до денес благодарение на љубовта, грижата и посветеноста на минатите и сегашните генерации. Учејќи за нашето културно наследство, учиме за себе и нашите предци. Тоа сме ние, тоа е нашата историја, култура и традиција, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење