Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на патот Охрид-Св. Стефан, повредено едно лице

Охрид, 18. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи денес, нешто по 11:30 часот, на патот Охрид-Св. Стефан.

Незгодата се случила стотина метри после Хидробиолошкиот завод, во насока од Охрид кон Св. Стефан.

Неофицијално, во незгодата во која учествувале патничко моторно возило марка „Голф“ и уште едно возило „Пежо Партнер“ е повредено едно лице.

На терен излезе увиден тим од СВР Охрид, од каде за Супер радио и OhridPress го потврдија настанот и додадоа дека увидот е во тек, како и екипа на Брза помош.

Повеќе информации во текот на денешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес