Избор Локални избори 2019 Охрид ТОП ВЕСТИ

До 18:00 часот излезноста во Охрид е 49,27%

Охрид, 21. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Заклучно со 18:00 часот во Охрид на гласање излегле 25.758 избирачи, односно 49.27%.
Во избирачкиот список за вонредните локални избори во Охрид се запишани 52.273 граѓани, додека за избор на претседател се запишани 52.193.

Во Охрид се гласа на 88 избирачки места, а граѓаните прават избор меѓу тројцата кандидати за претседател на државата и пет канидати за градоначалник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива