Избор Локални избори 2019 Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ДИК почна со објавување на првичните резултати од изборите

Скопје/Охрид, 21. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – На веб страницата на Државната изборна комисија почнаа да се објавуваат првичните резултати за шестите претседателски избори и за вонредните локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село.

Резултатите од изборите за претседател и за избор на градоначалник се објавуваат како што се обработуваат податоците од избирачките места.

Според последните податоци од обработени 954 од вкупно 3480 гласачки места, кандидатот за претседател Стево Пендаровски има 63 447 гласови, Гордана Сиљановска Давкова 60 449 и Блерим Река 20 419 гласови.

Во Охрид од обработените податоци од 4 од 88 избирачки места во водство е кандидатот на СДСМ, Константин Георгиески, зад него Митре Милошевски од ВМРО ДПМНЕ, следуваат Стевче Стевоски од Демократи, Михаил Трендафилов Нанче од ГДУ и Џемал Мена од БЕСА. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива