Избор Локални избори 2019 Македонија

Јанушев: Имавме генерално мирен изборен ден

Скопје, 21. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Игор Јанушев, шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, оцени дека генерално имало мирен изборен ден, а прогласи победа на Гордана Силјановска Давкова во неколку градови.

Победи Македонија против Северна, порача Јанушев.

– Радувај се Македонијо, правдата доаѓа, готови се. ВМРО-ДПМНЕ победува, Гордана Сиљановска-Давкова е изборот на народот. Народот покажува дека секогаш е во право. Благодароност огромна до граѓаните за секој глас, за оние кои што злегоа и не излегоа на гласање. Имаше низа на прекршувања и притисоци на власта, но, сепак, имавме генерално мирен изборен ден. Вечерва стигнува правдата во Македонија, честитоста против неправдата, рече Јанушев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива