Избор од Уредникот Локални избори 2019 Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид ќе избира градоначалник во втор круг, 13.037 гласа освои Георгиевски, 10.614 за Милошевски

Охрид, 22. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ќе избира градоначалник во втор круг, откако вчера, на вонредните локални избори, ниту еден од кандидатите не доби доволно гласови за победа во првиот круг.

Според официјалните бројки на Државната изборна комисија (ДИК), д-р Константин Георгиески од СДСМ освои 13.037 гласа, д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ 10.614, Михаил Трендафилов Нанче од ГДУ 1.655, Стевче Стевоски од партијата Демократи 1.003 и Џемал Мена, како кандидат на Движењето БЕСА 553 гласа.

Во вториот круг одат Георгиески и Милошевски, со разлика од 2.423 гласа.

Изборите ги одбележа ниска излезност, и покрај двојниот изборен циклус, затоа што паралелно се избираше и претседател на државата.

Вториот изборен круг ќе се одржи на 5-ти мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива