Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Убијците на Никола Саздовски добија по 19 години затвор

Скопје, 23. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бесир Беља и Скендер Демири добија затворски казни од по 19 години, двајца од тројцата обвинети, за убиството на Никола Саздовски Саздо.

Третиот напаѓач Јетон Ључа е во бегство. Покрај затворските казни од по 19 години, тие треба да платат и оштета на семејството на жртвата. Тие треба да исплатат оштета од по 1.200.000 денари, за таткото, мајката, братот, сестрата, а за бабата на Саздовски 600 илјади денари.

Беља и Демири се во притвор во затворот во Шутка, а за третоосомничениот е распишана домашна и меѓународна потерница.

Саздовски почина на 9 јули 2018 година на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. (Крај)

извор: Цивил Медиа фото: lokalno.mk