Економија Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охрид помеѓу најпосакуваните туристички дестинации според Travel-Advisor

Скопје/Охрид, 23. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Македонија во  2018 година остварила најголем пораст во Европа, во бројот на ноќевањата на туристи, а Охрид, Крушево, Скопје и Битола се предводниците на тој раст, пишува веб-порталот  https://www.travel-advisor.eu.

Според овој портал, во Македонија се околу 250 категоризирани хотели и многу приватно сместување, па вкупно се проценува дека туристите на располагање имаат над 45.000 кревети. Најпосетувани се Скопје, Охрид, Битола, Крушево, планинските и винските региони.

Порастот во бројот на туристичките посети од 22 насто е голем успех и Македонија ја става на самиот врв на европските дестинации кога се говори за порастот на ноќевањата, пишува порталот. (Крај)

извор: Тв Сител фото: архива