Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Општина Дебрца додели нагледни средства и наставни помагала за Основното училиште „Дебрца“

Дебрца, 25. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општина Дебрца додели нагледни средства и наставни помагала за основното училиште „Дебрца”.

– Ветивме дека секогаш образованието ќе ни биде на прво место и ќе работиме на подобрување на условите за одвивање на наставно образовниот процес во основното училиште и тоа континуирано го правиме со повеќе мерки. Обезбедивме нагледни средства и наставни помагала за основното училиште (микроскопски препарати по анатомија, ботаника, зоологија, галванометар, магнетни игли, тродимензионален демонстратор на магнетни сили, епрувети, тегови,пипети, бирета, инки, шпиртна ламба, релјефни карти, основен сет за магнетизам, за електроника, за механика, за математика и друго), информираат од општината.

Вредноста на набавката изнесува 100.000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2019 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива