Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Општина Дебрца одобри 30.000 денари за лекување на Мартин Стојаноски

Белчишта, 26. април 2019 (ОХРИДПРЕС) – Советот на општина Дебрца, вчера едногласно одобри 30.000 денари за лекувањето на Мартин Стојаноски од Струга.

Image may contain: one or more people and text

– На Мартин му посакуваме успешно закрепнување и исполнување на неговата желба да се врати меѓу стативите на фудбалските терени, како и да продолжи неговата огромна љубов кон хармониката. Да бидеме хумани и помогнеме на Мартин и неговата младост, истакна првиот човек на Дебрца Зоран Ногачески, на чиј предлог беше свикана седницата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива