ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Одбележан 5-ти мај, Ден на реката Дрим

Струга, 5. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со низа активности и годинава се одбележа 5-ти мај, Денот на реката Дрим.

Image may contain: one or more people, child, ocean, sky, beach, outdoor, nature and water

– Оваа година Регионалниот зелен центар од Охрид и Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар вклучувајќи се во овој празник изработија проект „Дрим без пластичен отпад“, кој ги опфати реката Сатеска, Црни Дрим, Глобочичко Езеро и Дебарско Езеро. Во рамките на овој проект се одржаа бројни активности како: едукација на учениците од основното училиште од Општина Дебрца, истражување за влијанието на пластичниот отпад во сливното подрачје на реката Дрим, снимање документарен филм, еко акција „Чистење на брегот на Дебарско Езеро од пластичен отпад“, која се одржа во петокот, на 3-ти мај 2019 година, трибина од едукативен карактер која се одржа истиот ден во Домот на култура во Дебар. Проектот е финансиран од ГЕФ Дримски Проект, информираат од Регионалниот зелен центар од Охрид.

Image may contain: 14 people, people smiling, people standing, mountain, sky, outdoor and nature

Тие испраќаат и честитка до граѓаните по повод 5-ти мај, Денот на реката Дрим кој се празнува по шести пат во целото сливно подрачје на реката Дрим. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Регионален зелен центар од Охрид