Забава Избор

Тамара замина на Евросонг, утре ќе ја има првата проба

Скопје/Тел Авив, 6. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска замина за Тел Авив, Израел, каде на 16-ти мај со темата „Proud“ ќе ги брани боите на земјава на 64-то издание на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржува од 14-ти до 18-ти мај.

Тамара утре ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на сцената на „Експо центарот“ во Тел Авив. а пред настапот ќе одржи уште две.  Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска.

Тамара на црвениот килим, на отварањето, ќе блесне во црна тоалета на дизајнерот Ношпал, а на сцената во смарагдно зелен фустан, исто така, дизајн на Ношпал.

Aвтори на нашата евровизиската тема песна „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива