ЕКОЛОГИЈА Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Научници од Ботаничкото друштво од Женева во посета на Дебрца

Белчишта, 10. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – 16 научници од Ботаничкото друштво од Женева престојуваа во општина Дебрца, при што го посетија Белчишко Блато и се воодушевија од богатството на растителен биодиверзитет.

Беа запознаени со можностите кои ги нуди блатото како за научни истражувања, така и за развој на екотуризам и плановите на општината поврзани со него. Задоволни од виденото, научниците ќе ги преточат своите впечатоци во статија во нивниот годишен журнал.

Тоа ќе придонесе за промоција на блатото за швајцарските туристи како екотуристички локалитет и се отвора поле за соработка со општината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива