Забава Избор од Уредникот Струга ТОП ВЕСТИ

Green Beach Festival #10 во Струга, потврден настапот на Dj дуото Adriatique

Скопје/Струга, 10. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од Password Продукција со гордост го најавуваат 10-то издание на Green Beach Festival, кое ќе се одржи на 1-ви и 2-ри август во Струга.

На локацијата од минатата година, пред хотелот „Еуротел“ во Струга, од Green Beach Festival најавуваат забава од два дена, со програма која ќе го оправда статусот од минатата година на Број 1 летна забава во регионот.

Image result for Dj Adriatique

Потврден е 4 часовниот сет во петок, на 2-ри август на одличното Dj дуо Adriatique од Цирих. Adrian Shala и Adrian Schweizer, кои заедно работат од далечната 2008-та година, од кога пуштаат претежно house и techno музика, но и продуцираат електронска музика, ветуваат забава која долго ќе се памети.

Одговорните во Green Beach Festival за понеделник, 13-ти мај најавуваат објава на ново име кое ќе го одбележи годинешното, јубилејно издание на фестивалот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива