Економија Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Хрватски туроператори и новинари во посета на Охрид

Охрид, 12. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Хрватски туроператори и новинари кои се на информативно патување во Македонија, на покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) имаа можност одблиску да ги доживеат и видат убавините на Охрид, Скопје, Крушево, Битола и други градови во државата.

Image may contain: 6 people, people smiling, people standing and outdoor

Покрај убавините на Охрид, гостите од Хрватска остварија посета на на Манастирскиот комплекс „Св. Наум.

– Вкусот на македонското вино и со љубов подготвена храна, гостољубивост и новите пријателства се причина да се вратат повторно и да ја шират убавата приказна за нашата земја. На заедничко задоволство и со заеднички интерес за развој на туризмот во Македонија, кој е во насока на промоција и проширување на македонскиот туристички производ, информативното патување за хрватски туроператори и новинари се реализира во соработка со АППТ, Министерство за економија и Croatia Airlines, информираат од
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. (Крај)

извор: АППТ фото: АППТ