Економија Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Хотелот на „Small Luxury Hotels“ останува во најава, на повеќе места е урната и заштитната ограда (Фото)

Охрид, 12. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од пет години останува само ветување хотелот кој требаше да никне на една од најпримамливите локации за градење долж охридското крајбрежје.

На парцела од околу 7.000 метри квадратни, веднаш до хотелот „Инекс Горица“ најавена беше градба на нов луксузен хотел од страна на домашната компанија „Дивелоп груп“. Објектот треба да располага со 50 соби и 120 легла. Планирано беше вложување во висина од 12 милиони евра, а првичните информации зборуваа дека хотелот ќе биде дел од меѓународниот ланец на хотели „Small Luxury Hotels“, кој во моментов е присутен во преку 70 земји од светот со вкупно 520 хотели.

Работите на терен не се започнати. Расчистен е теренот и направени се помали подготовки за градба, а околу парцелата е поставена заштитна ограда која е оштетена на повеќе места. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес