Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и Георгиески нема правна држава и нема напредок

Охрид, 12. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Навистина е чудно и за посебно наблудување тоа што веднаш по стапувањето на функција градоначалник од страна на Константин Георгиески започнаа сите ветени фактури и политички хипотеки на сметка на охриѓани и градот Охрид.

Ова стои во контра-реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид по денешниот допис до медиумите на новиот градоначалник на Охрид, д-р Константин Георгиески во кое тој одговори на претходните обвинувања на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид дека „со новиот градоначалник, охриѓани го губат градот“.

– Георгиески да одговори дали започна со сервисирање на фактурите за изборниот инженеринг? Георгиески ниту е транспарентен, ниту отчетен за неговата работа. Додека чита партиски соопштенија, треба да знае дека Општината не е партиско седиште, туку отчетна и услужна општина за сите со единствена задача решавање на проблемите на граѓаните. Зошто, заедно со менторот Заев не ги повикаат институциите да реагираат во врска со незаконската изградба на минарето, ако е искрена неговата понуда да се работи за доброто на Охрид и охриѓани? Грижата на Георгиески е градот и граѓаните, а не ВМРО-ДПМНЕ. Општината треба да биде негова приоритетна работа, а не во каква состојба според него е опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Му порачуваме да знае дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била посплотена, поединствена и помотивирана.
Победата на претседателските избори во Охрид значи опомена дека нема да има спас на сопствените позиции во СДСМ и спас на нивните промашени политички кариери. Едно зборуваа кога се во изборна кампања, а друго прават кога се на власт. Потценувањето на интелигенцијата на охриѓани ќе се врати како бумеранг за тоа што беше ветувано пред изборите, а се спроведува сега. Со СДСМ и Георгиески нема правна држава и нема напредок. Докажаа дека се неодговорни и како партија и како луѓе. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека гласот за Георгиески е глас за урбаната мафија и дивеењето на незаконското градење и тоа се докажа уште во првата недела од неговото владеење. Георгиески докажа дека не може да се справи со проблемите и негативните појави во Охрид. П.С. Бројот на кучињата на Градскиот плоштад не бил никогаш поголем, таква ли е и состојбата во Милано? – запрашаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

поврзани вести:

Донев: Со новиот градоначалник, охриѓани го губат градот

Георгиески: Потценувањето на интелегенцијата и чувствата на охриѓани ќе се врати како бумеранг на оваа структура во ОК на ДПМНЕ