Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Учениците од ОУ „Братство Единство“ нижат успеси на државните натпревари

Охрид, 13. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ученици и хорот при ОУ „Братство Единство“ се вратија со неколку награди од државни натпревари кои се случија викендов.

На Државниот натпревар по македонски јазик и литература кој се одржа на во Велес, ученичката Габриела Алексоска IX oдделение го освои второто место, под менторство на наставничката Маја Гугоска, а ученичката Константина Крежеска VIII одделение го освои третото место, под менторство на наставничката Љубинка Михајловска. Учениците со освоените високи места ја покажаа љубовта кон мајчиниот јазик.

На Државните хорски смотри, oдржани во Скопје, мултиетничкиот училишен хор под диригентство на наставникот Бурим Хидри, освои прва награда, а ученичката Елмедина Далип VIII одделение освои трета награда во категоријата за најдобар глас.

На Државнит натпревар по англиски јазик ученикот Мартин Павлески V одделение, под манторство на наставничката Силвана Алачоска, освои висок пласман. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење