Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на Ботун пронашол рачна бомба кога ја рушел старата плевна

Дебрца, 13. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Жител на Ботун пронашол рачна бомба кога ја рушел старата плевна.

На 12-ти мај во 13:30 часот во СВР Охрид, Д.Д.(65) од село Ботун, општина Дебарца, пријави дека при рушење на стара плевна пронашол неексплодирана рачна бомба.

Увид на местото извршиле полициски службеници, а бомбата е подигната од овластени претставници на Дирекција за заштита и спасување. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива