Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Албански државјанин во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир во Охрид

Охрид, 13. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – 49 годишен од Прењас, Албанија го нарушил јавниот ред во Охрид.

Вчера околу 15:00 часот, пред колонијална продавница на улицата „15-ти корпус“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со викање, извршен од К.Т.(49) од Прењас, Република Албанија. Тој, во видно алкохолизирана состојба, недолично се однесувал кон граѓаните.

При обид да биде легитимиран, тој физички им се спротивставил на полициските службеници.
К.Т. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива