Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Green Beach Festival #10 во Струга, Paul Kalkbrenner за прв пат во Македонија

Скопје/Струга, 13. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од Password Продукција со гордост го најавуваат 10-то издание на Green Beach Festival, кое ќе се одржи на 1-ви и 2-ри август во Струга.

Откако неодамна објавија дека е потврден 4 часовниот сет во петок, на 2-ри август на одличното Dj дуо Adriatique од Цирих, од Green Beach Festival информираат дека еден од водечките продуценти на денешницата, симболот на Берлин како светска престолнина на современата електронска сцена – Paul Kalkbrenner го предводи јубилејниот Green Beach Festival #10.

– Неповторливиот уметник на кој му успева да биде врвен и на андерграунд и на мејнстрим сцената во исто време, пристигнува за прв пат во Македонија, на 1-ви август во Струга, додаваат од Password Продукција.

На локацијата од минатата година, пред хотелот „Еуротел“ во Струга, од Green Beach Festival најавуваат забава од два дена, со програма која ќе го оправда статусот од минатата година на Број 1 летна забава во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива