Избор од Уредникот ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Лео Нелоски од ОУ „Григор Прличев“ влезе во Гинисовата книга на рекорди како учесник на најбројниот абакус час

Охрид, 13. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Лео Нелоски, ученик во V одделение во ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, кај наставничката Нина Ристеска, влезе во Гинисовата книга на рекорди, како учесник на најбројниот абакус час, одржан во Обединетите Арабски Емирати во Дубаи на 24-ти ноември 2018 година.

No photo description available.

– Училиштето се гордее со ученикот кој на истиот тој настан освои пехар во областа ментална аритметика, а е успешен и на други полиња. На Манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември – месец на науката“. Ученикот освои прва награда од областа географија и втора награда од областа природни науки, информираат од ОУ „Григор Прличев“.

No photo description available.

Додаваат деак вискоки резултати постигна и Стефан Паункоски, ученик во IX одделение, кој го освои второто место на државниот натпревар по македонски јазик под менторство на Силвија Мојсовска, како и ученичката Нина Нелоска VIII одделение која го освои третото место на државниот натпревар по англиски јазик, под менторство на Билјана Маркоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОУ „Григор Прличев“