Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Бурни аплаузи и преполна сала – Премиерна изведба на претставата „Оправдано иселени“ (Фото)

Охрид, 13. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бурни аплаузи и преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“, во знак на поддршка за охридската независна аматерска актерска група „Актум“ која вечерва ја изведе премиерата на својата прва претстава „Оправдано иселени“.

Image may contain: 2 people, people sitting, people playing musical instruments, guitar, table, night and indoor

Премиерата на претставата беше комплетно распродадена, а според присутните раелно го прикажа времето во кое живееме.

Image may contain: 1 person, standing, night, crowd and outdoor

Сценариото е авторско дело на младите актери, а „родено“ е од револтот на младите кон начинот на кој функционира општеството, проблемите кои долго се занемарувани, но и како тоа се одразува врз нив, во случајов со „оправдано“ иселување.

Image may contain: 22 people, including George Piruze and Zanko Zsh Golaboski, people smiling

– Сметавме дека не е доволно тој револт да го изразиме преку статус на социјаните мрежи, во колумни или анализи, туку сметавме дека она што му се случува на општеството треба да го преработиме на наш начин. Сакавме да направиме нешто поразлично, а нашето мислење да биде слушнато од пошироката публика, вели за Супер радио и OhridPress Теодора Николовска од ААГ „Актум“, која заедно со Јана Голабоска, Ристе Лекоски, Теодор Тасевски и Бисера Николовска се „виновници“ за претставата.

Поради големиот интерес додаваат дека размислуваат и за репризно прикажување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес