Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

По 14-ти пат, викендов Фестивал на новиот германски филм во Охрид

Охрид, 14. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од 18-ти до 21-ви мај 2019 година, во Охрид, по четиринаесетти пат ќе се одржи „Фестивалот на новиот германски филм“.

– Изминатите години атмосферата во кино салите во државата беше буквално европска, неоптеретена, аполитична. Вработените во двете кина не паметат ваква „културна“ гужва, а тоа докажува дека Фестивалот на новиот германски филм од својот почеток до сега се разви во настан кој е почитуван од својата публика, порачуваат организаторите.

Настанот е поддржан од Германската Амбасада, Гете- институт Скопје, ПроКредит Банка и Македонски Телеком, а ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива