Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Вечерва започнува 64-тиот избор за песна на Евровизија

Тел Авив, 14. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – На сцената на „Експо центарот“ во Тел Авив, вечерва започнува 64-то издание на Изборот за песна на Евровизија.

Почетокот е во 21:00 часот, а манифестацијата ќе ја отвори ланската победничка Нета Барзилаи, како и израелската победничка од 1998 година, Дана Интернешнал. Водители ќе бидат Ерез Тал, Бар Рефаели, Аси Азар и Луси Ајоб.

На првата полуфинална вечер ќе настапат 17 земји. Прва настапува претставничката на Кипар, а вечерта ја затвора претставникот на Сан Марино. Десет од овие песни ќе обезбедат пласман во финалето и повторно ќе ги видиме на сцената в сабота.

1. Кипар (Тамта – Replay)
2. Црна Гора (Д-мол – Heaven)
3. Финска (Даруд и Себастијан Рејман – Look Away)
4. Полска (Тулија – Pali się)
5. Словенија (Зала Краљ и Гашпер Шантл – Себи)
6. Чешка (Лејк Малави – Friend of a Friend)
7. Унгарија (Јоци Папаи – Az én apám)
8. Белорусија (Зена – Like It)
9. Србија (Невена Божовиќ – Круна)
10. Белгија (Елиот – Wake Up)
11. Грузија (Ото Немсадзе – Keep On Going)
12. Австралија (Кејт Милер-Хајдке – Zero Gravity)
13. Исланд (Хатари – Hatrið mun sigra)
14. Естонија (Виктор Крон – Storm)
15. Португалија (Конан Озирис – Telemóveis)
16. Грција (Катарина Дуска – Better Love)
17. Сан Марино (Серхат – Na Na Na)

Инаку на годинашната Евровизија ќе настапат 41 земја.

Нашата претставничка Тамара Тодевска со темата „Proud“ ќе настапи на в четврток, на 16-ти мај, во втората полуфинална вечер, под број 17. Aвтори се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на Коста Петров. Тамара ќе носи смарагдно зелен фустан, дизајн на Александар Ношпал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива