Избор од Уредникот ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Леонид Тодороски од ОУ „Григор Прличев“ најдобар на Државниот натпревар по математика

Охрид, 14. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Леонид Тодороски, ученик во VI одделение при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид ја освои првата награда на Државниот натпревар по математика за ученици од основното образование.

Под менторство на наставникот Александар Ангелоски, на натпреварот кој се одржа викендов на Машинскиот факултет во Скопје, Леонид беше најдобар во конкуренција од 75 натпреварувачи од целата држава.

Со постигнатиот резултат тој има шанса за учество на Јуниорска македонска математичка олимпијада. На VI Државен натпревар од областа по природни науки за VI одделение, кој се одржа на 11-ти овој месец во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во конкуренција од 51 натпреварувач, Леонид исто така ја освои првата награда под менторство од наставничката Зора Ѓоршовска.

Image may contain: 1 person, smiling, standing and outdoor

Успесите со 13 први и 4 втори места на натпреварите, Леонид започна да ги ниже уште од својата седма година со учество на Brainobrain натпреварите, Меѓународниот натпревар Кенгур, натпревари од областа математиката, како и од областа природните науки.

Тој е гордост, не само за родителите, туку и за градот Охрид, како и нашата држава и е вистински претставник на младата генерација охриѓани, кои нижат успеси на сите полиња. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива