Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лице од Охрид им продало дрога на двајца ученици во ОЕМУЦ Охрид, едниот побарал лекарска помош

Охрид, 14. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишниот Б.А. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

– На 16-ти ноември минатата година во Охрид, ученик во ОЕМУЦ на друг ученик му дал да конзумира рачно изработена цигара, која претходно ја набавил од пријавениот. По ова, двајцата се вратиле на настава, по што на ученикот што ја конзумирал дрогата му се слошило и била побарана лекарска помош, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива