Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески доби награда за најдобри практики за заштита на животната средина на 86-тиот Меѓународен саем во Нови Сад

Нови сад/Белчишта, 14. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески доби награда за најдобри практики за заштита на животната средина на 86-тиот Меѓународен саем кој се одржува во Нови Сад, Србија.

Уште со доаѓањето на функцијата, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески се зафати со решавање на дел од најголемите проблеми со кои се среќава оваа мала, но пребогата со природни убавини и реткости општина, на што можат да и` позавидат и далеку поголеми од неа. Еден од најголемитe предизвиci беше справувањето со идејата за изградба на регионална депонија на територијата на општината. Ногачески и неговиот тим беа децидно против оваа идеја, која ќе значеше и загадување на недопрената природа во општината и ќе имаше далекусежни последици во иднина.

Во насока на зачувување на околината, општината спроведува редовно и континуирано чистење на општината од мини депонии, во насока на чиста и зелена општина Дебрца. Сите овие еколошки активности се одвиваат под мотото „Не фрлај, не загадувај! Немаш изговор!“. Општина Дебрца неодамна отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП), документ кој претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.

Наградата за Ногачески е дотолку поважна, затоа што станува збор за најголемиот агробизнис настан во овој дел на Европа, а кандидатите за наградите, се номинираат по препорака на еминентни експерти во областа, научни и општествени институции и организации, економски комори и граѓански организации, кои имаат увид во резултатите и придонесот на потенцијалните кандидати за наградата во агробизнисот.

Меѓународниот земјоделски саем започна во саботата, на 11-ти мај во Нови сад, Србија. Ќе се претстават 1.518 фирми, институции и организации од 32 земји, кои ќе презентираат производи и услуги од 61 држава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Зоран Ногачески