Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Денес времен прекин во Тв сигналот преку дигиталната платформа на VIP во Охрид и Струга

Скопје/Охрид, 15. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – ОНЕ Вип отпочна со спроведување на промените на каналите за емитување на DVB-T согласно постапката за усогласување и имплементација на Одлуката на Европскиот Парламент 2017/899 од 17-ти мај 2017 година.

– Овој процес се одвива во согласност со законските прописи и во координација со Агенцијата за електронски комуникации. Во текот на април успешно беше спроведенa промената во зоната на распределба Д3-Туртел. Заради спроведување на овој сложен процес, во претстојниот период до крајот на годината ќе се врши оптимизација на DVB-T предавателните локации во повеќе зони на распределба. При процесот можни се прекини во програмата во одредени региони за што благовремено ќе ве информираме. Следниот чекор на промена на каналите е предвидено да се направи во зоната на распределба Д6-Мали Влај. Активностите на промена на каналите ќе се спроведат во средам на 15-ти мај 2019 година, во периодот од 10:00 до 12:00 часот кога ќе биде извршена промена на фреквенциите на сите предаватели во зоната на распределба Д6-Мали Влај. Оваа зона ги опфаќа градовите Охрид и Струга и нивната поширока околина. Во случај на целосен или делумен прекин на услугатаќе биде потребно корисниците кои ТВ содржините ги следат преку DVB-T прием да направатпрескенирање на ТВ каналите на уредите за DVB-T прием. ОНЕ.Вип ДООЕЛ Скопје благовремено ќе ги извести сите надлежни институции и ќе пренесе информација со посебна порака преку ДВБ-Т мрежата до корисниците во засегнатиот реон. Исто така, соодветна информација ќе биде поставена на веб страната на ОНЕ.Вип ДООЕЛ Скопје, а информација за прилагодување кон промените ќе може да се добие и преку центарот за грижа за корисници на ОНЕ.Вип ДООЕЛ Скопје, информираат од компанијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива