Спорт

Астон вила ќе игра бараж за влез во Премиер лигата! (видео)

Бирмингем, 15. мај 2019 (ОХРИДПРЕС)Астон вила го совлада локалниот бирмингемски ривал Вест Бромвич Албион по изведувањето на пенали со 4:3 за да обезбеди меч за враќање во Премиер лигата на „Вембли“.

Вила пристигна кај ВБА со предност од 2:1 од првиот меч, и откако домаќините стигнаа до победа од 1:0 со голот на Крег Досон во 29. минута, се играа продолженија бидејќи во баражите за влез во повисоките лиги во Англија не важи правилото гол-на-гости.

ВБА успеа да го изддржи притисокот во двете продолженија, откако од 80-тата минута играа со играч помалку, но во пенал-серијата тие имаа два промашени пенали за славниот клуб од Бирмингем да има шанса да игра бараж.

Противникот на Вила ќе биде дознаен денеска, кога Лидс и Дерби каунти го играат својот втор меч. Лидс, без повредениот македонски репрезентативец Езѓан Алиоски има 1:0 предност од првиот натпревар. Норич и Шефилд јунајтед веќе се нови премиерлигаши. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива