Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Традиционалната матурска парада ќе се одржи на 17-ти мај

Охрид, 15. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Матурската парада ќе се одржи овој петок, 17- ти мај на Градскиот плоштад.

Околу 400 охридски матуранти од сите средни училишта заедно со своите врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа, точно напладне ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот“.

И оваа година подготовките за танцот се одвиваат под будното око на професорката Соња Думбаловска Делова.

Матурантите ќе бидат облечени во сини и бели маички, со чадори во овие бои, а ќе ги поздрави претседателката на градскиот совет, Живка Ангелоска.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка“ во Љубљана.

Танцот „Квадрил“ матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива