Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од утревечер започнуваат матурските прослави во Охрид

Охрид, 15. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Мај по некое непишано правило е месец на матурантите. Од подготовки за главната вечер, прославата за заокружување на средното образование, па сé до матурската парада.

Матурантите се веќе подготвени, свечените фустани, оделата се веќе обезбедени.

Матурските прослави започнуваат утревечер. Први ќе слават матурантите од средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“. 97 ученици ќе слават во хотелот „Престол“. В петок матура ќе слават 140 средношколци од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ во хотелот „Белведере“, а 65 ученици во ОУТУ „Ванчо Питошески“, заедно со уште 30-на од спортската академија во хотелот „Силекс“. 213 матуранти пак од охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ прослава ќе прават во сабота, 18-ти мај.

Покрај подготовките за матурантот, традиционално, нема да изостане ниту семејната прослава, во домашен амбиент или во некои од угостителските објекти. Па, дополнително, од домашниот буџет ќе треба да се издвојат средства и за оваа традиција, која не се напушта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива