Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Започна спортската манифестација „Охрид трчат“

Охрид, 15. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со трката на учениците од охридските основни училишта, денес во Охрид започна спортската манифестација „Охрид трчат“.

Основците трчаа на Градскиот кеј, на потегот од пред хотелот „Ројал“ до Градското пристаниште.

Најбрзи беа Зоран Стоески од ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, Климент Филев од ОУ„Св. Климент Охридски“, Владимир Пердулоски од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти и Мандуле Далипоска од ОУ „Братство Единство“ од Охрид.

Во рамките на манифестацијата, викендов ќе се трча Детската трка со децата од охридските градинки. На 31-ви мај е ноќната трка, а главната трка е на 2 јуни со трките на 5 и 10 км и Тим билдинг трката.  (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридТрчат