Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Притвор за охриѓанец кај кого била пронајдена марихуана

Охрид, 15. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52-годишниот С.Т. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

– На 4-ти овој месец, во Охрид полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле рачно изработени цигари со мешавина од марихуана и тутун, додека при претрес во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана. Од страна на судија од Основен суд Охрид, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива