Економија Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Во Струга се одржува Меѓународна конференција за енергетика

Струга, 16. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денеска и утре во Струга се одржува Меѓународна конференција за енергетика „Македонски енергетски форум-2019″.

Темата е „Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност”.
Конференцијата ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а воведно обраќање ќе има и в.д амбасадорката на САД во земјава Маикаела Швајцер – Блум.

Ќе учествуваат високи претставници од домашни и меѓународни институции, приватни компании, невладини организации и експерти од областа на енергетиката. Расправата ќе се одвива преку пет панели кои ќе третираат теми од регионалните предизвици во приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, новите технологии во обновливите извори, енергетската ефикасност, гасот, како и посебен панел за родовата застапеност во сферата на енергетиката. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење