Избор Општина Дебрца

Градоначалникот Ногачески оствари средба со заменик министерот за локална самоуправа

Дебрца, 17. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески на средба со заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

Разговарале за предизвиците со кои се соочува Дебрца како рурална општина, за можностите за локалниот и регионалниот развој, за тековните и идните проекти, капиталните инвестиции, финансирањето, користењето на средствата од ЕУ фондовите, месната самоуправа и за други прашања.

– Разменивме мислења како да ги подобриме работите, да обезбедиме поквалитетен живот за нашите граѓани, подобрена социјална средина и одговорно управување со општинските надлежности и ресурси, рече Ногачески по средбата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење