Избор Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

На звуците од операта „Лилјакот“, охридските матуранти ја одиграа традиционалната матурска парада (Фото/Видео)

Охрид, 17. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со звуците на Штраусовата опера „Лилјакот“, охридските матуранти денеска ја одиграа традиционалната матурска парада.

Околу 400 матуранти точно на пладне заиграа „Квадрил“ заедно со нивните врсници од неколку макдедонски градови, но и од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина…

Матурантите ги поздрави претседателката на градскиот совет, Живка Ангелоска, која им посака големи успеси понатаму во животот. Во овој миг земете ги компасот и мапата на животот во свои раце, убедена сум дека сега добро знаете колку е важно образованието. Сигурна сум дека денес се обраќам на успешни млади луѓе кои ќе ги освојуваат сите сфери на животот и науката.

– „Младоста е среќна затоа што за неа има иднина“ рекол Гогољ, а вие сте нашата иднина. На вас останува ова општество и целиот свет. Сигурна сум дека од средношколските денови ќе понесете грст убави спомени и знаење кои ќе ве водат во вашиот понатамошен живот и ќе бидат основа за градење на светла иднина. Најдобар начин да ја предвидиш иднината е да ја изградиш онаква каква што ќе ја посакаш. Околностите на животот не можеме да ги избереме, но може да ги избереме нашите реакции низ тие околности. Затоа изградете ја иднината онаква каква што ја посакувате. Не сонувајте го животот, живејте ги вашите сништа, ширете добрина потрудете се да бидете добри луѓе. Само доколку нештото го сакате и го работите со љубов, ќе бидете добри и успешни, истакна Ангелоска.

Додаде дека треба да се обезбеди иднината за младите во ова време кога е загрижувачко иселувањето. Она што како локална самоуправа треба да го направиме е да го збогатиме квалитетот на животот на младите. Покрај вработувањето и егзистенцијата од големо значење е и квалитетот на живот за да останат тука, максимумот да го дадат тука до нас, во нашето општство, да се гордеееме со нив.

Матурантите пак децидни дека ќе го продолжат образованието, ќе останат во градов или ќе се запишат на некои од факултетите во земјава.

За сé да изгледа онака како што доликува и оваа година се погрижи професоркарката Соња Думбаловска Делова која изминативе два месеци ги подготвуваше нашите матуранти.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана. Танцот „Квадрил“ матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес