Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Точков: Загадувањето на водата од Билјанините извори е појава што се повторува години наназад во овој период

Охрид, 17. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Загадувањето на водата од Билјанините извори е појава што се повторува години наназад во овој пролетен период од годината, вели директорот на Центарот за јавно здравје, Сашо Точков.

Последните физичко-хемиски анализи направени на примероци од водата од изворите покажале присуство на патогени бактерии ентерококи, па водата е небезбедна за пиење.

– Оваа појава се повторува на пролет и на есен. Сега во овој пролетен период настанува поради поголемо количество врнежи и топењето на снегот со што се подигнува нивото на подземните води, посебно на извориштето Билјанини извори. На овој потег имало штали, септички јами, земјиштето се загадувало и тоа се таложело. Покаченото ниво на вода го измива тој слој и затоа водата од изворите се загадува, појаснува Точков.

Анализите на водата ќе продолжат и во наредниот перидод, состојбата ќе се следи во континуитет и граѓаните навремено ќе бидат известувани.

Што се однесува до водата од јавните чешми во Охрид, таа е во добра состојба и е исправна за пиење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива