Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Српски турист паднал од тераса на хотел во Охрид

Охрид, 17. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, во 05:33 часот, во Полициската станица во Охрид било пријавено дека 26-годишниот Н.Т. од Република Србија паднал од тераса во хотел во Охрид.

– Тој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива