Забава Избор

Тамара ќе настапи осма на финалето на Евровизија

Тел Авив, 17. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нашата земја по пауза од шест евровизиски изданија, успеа да обезбеди влез во финалето на Евровизија.

Тамара Тодевска со „Proud“ заслужено не внесе во долгоочекуваното финале, воодушевувајќи со моќниот вокал и собра само позитивни критики за настапот.

По завршувањето на двете полуфинални вечери, со ждрепка беше утврден и редоследот на земјите во големото финале што ќе се одржи утревечер во салата во „Експо Тел Авив“.

Прва ќе настапи претставничката на Малта, а нашата Тамара со темата „Proud“ ќе натапи под реден број 8.

Еве го комплетниот редослед на земјите

🇲🇹 1. Малта
🇦🇱 2. Aлбанија
🇨🇿 3. Чешка
🇩🇪 4. Германија
🇷🇺 5. Русија
🇩🇰 6. Данска
🇸🇲 7. Сан Марино
🇲🇰 8. С. Македонија
🇸🇪 9. Шведска
🇸🇮 10. Словенија
🇨🇾 11. Кипар
🇳🇱 12. Холандија
🇬🇷 13. Грција
🇮🇱 14. Израел
🇳🇴 15. Норвешка
🇬🇧 16. Обединетото Кралство
🇮🇸 17. Исланд
🇪🇪 18. Естонија
🇧🇾 19. Белорусија
🇦🇿 20. Азербејџан
🇫🇷 21. Франција
🇮🇹 22. Италија
🇷🇸 23. Србија
🇨🇭 24. Швајцарија
🇦🇺 25. Австралија
🇪🇸 26. Шпанија

(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива