Избор Хроника

Кривична за охриѓанец кај кого била пронајдена поголема количина пиротехнички средства

Охрид, 17. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 26-ти декември минатата година во Охрид полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле поголема количина пиротехнички средства, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива