Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за две лица од Велгошти поради опседување на ловна пушка и куршуми без дозвола

Охрид, 17. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57-годишниот В.Д. и 27-годишниот М.П., двајцата од село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 29-ти декември минатата година во Охрид, кај местото викано „Сливови анови“, полициски службеници извршиле преглед на возило во кое биле пријавените, при што пронашле и одзеле ловна пушка со два куршуми, за коишто не поседувале соодветна дозвола, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива