Избор од Уредникот На кафе со... Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Ногачески: Дебрца е преполна со природно и културно богатство и не случајно е дел од заштитеното светско природно и културно наследство

Охрид, 17. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Минатата сабота во Нови Сад, Србија отпочна 86-тиот Меѓународен земјоделски саем каде се претставија над 1.500 фирми, институции и организации од 32 земји, кои презентира производи и услуги од 61 држава.

На саемот присуствуваа 22 земјоделски производители од Општина Дебрца, заедно со градоначалникот на Општината, Зоран Ногачески, кој од таму се врати со награда за најдобри практики за заштита на животната средина. Во номинацијата и образложението на наградата биле потенциарни напорите на Општина да покаже дека Општина Дебрца не е соодветна локација за решение на проблемот со регионалното управување со отпад. Но, биле земени во предвид и други критериуми.

– Еколошките акции и активности кои ги спроведуваме, набавката на нова мехнаизација и подобрените перформанси на комуналното јавно претпријатие, како и изработката на Локалниот еколошки акционен план, како најстратешки еколошки документ на една Општина, исто така беа земени во предвид како критериум за наградата, рече Зоран Ногачески, кој беше денешен гостин во емисијата Радио Корнер на Супер радио.

Супер радио: Какви се искуствата од земјоделскиот саем во Нови Сад и задоволни ли сте од организацијата на настанот?

Ногачески: Јас уште во мојата предизборна програма ветив дека ако станам градоначаник, со оглед на тоа што Општина Дебрца е земјоделски крај, во организација на Општината, земјоделските производители ќе ги одведам на посета на еден од најпрестижните и најреномираните земјоделски настани од агробизнисот во овој дел од регионот, односно Новосадскиот Меѓународен земјоделски саем. Се одржа по 86-ти пат, започна на 11-ти мај, а завршува денес на 17-ти мај. Заедно со мене имаше 22-ца земјоделски производители. Да се посети една таква манифестација со беспрекорна организација, тоа навистина е прекрасно чувство.

Супер радио: Што можеше да се види на семот и дали ова е прв пат Општината со агропроизводителите организарно да учестува на еден ваков саем?

Ногачески: Ова беше прв пат во организација на Општина Дебрца да се учестува на ваков настан, иако некои индивидуални производители го посетувале саемот и претходно. Имаше многу излагачи се претставија над 1.500 фирми, институции и организации од 32 земји, кои презентира производи и услуги од 61 држава. Можеа да се видат најновите технологии во однос на земјоделската механизација и земјоделското производство, заштитата во производството, едукацијата итн. Најкратко речено се на едно место од агробизнисот.

Супер радио: Покрај искуства, на саемот добивте и награда за најдобри практики за заштита на животната средина. За какви практики станува збор, кои практики ја прават општина Дебрца еколошки чиста животна средина?

Ногачески: На саемот се доделија повеќе награди, меѓу кои и наградата која добивме за најдобри практики во системот за заштита на животната средина и екологијата. Ја имав честа на овој деби настап на овој земјодски саем, да бидам номиниран и да ја добијам првата награда. Во номинацијата и образложението на наградата беа потенцирани нашите напори, како Општина, да покажеме и докажеме, дека решението што се нуди во однос на регионалното управување со отпад и локација за регионална депонија во Дебрца е несреќно избрано решение. Но, беа земени во предвид и еколошките акции и активности кои ги спроведуваме, набавката на нова мехнаизација и подобрените перформанси на комуналното јавно претпријатие, како и изработката на стратешкиот документ Локален еколошки акционен план (ЛЕАП).

Супер радио: Отпочната е постатпката за изработка на Локалениот еколошки акционен план. За каков документ станува збор и до каде е процесот на изработка?

Ногачески: Во моментов сме во фаза на изработка на ЛЕАП, а тој документ претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 5 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата. Очекувам документот да биде целосно изготвен и промовиран до крајот на јуни. Средствата за негова изработка ги обезебдивме од програмата за развој на Обединетите нации.

Image may contain: 5 people, people smiling, people sitting

Супер радио: Уште со доаѓањето на функцијата градоначалник, се зафативте со решавање на дел од најголемите проблеми со кои се среќава оваа мала, но пребогата со природни убавини и реткости општина. Еден од најголемитe предизвици беше справувањето со идејата за изградба на регионална депонија на територијата на општината. Се` уште сте дециден во ставот против оваа идеја?

Ногачески: Да, остануваме на тоа, бидејќи тоа беше и референдумска одлука на жителите на Општината. Многу пати јавно сум ги елаборирал причините, а во оваа прилика би сакал кратко да потенцирам дека недозволиво е една таква постројка да биде лоциарана во сливоното подрачје на Охридското езеро и недозволиво е примена на таква технологија, каква што се нуди во проектната документација за изградаба на постројката.

Супер радио: Со каква цел научници од Женева, Швајцарија неодамна ја посетија Општина Дебрца?

Ногачески: Дебрца е преполна со природно и културно богатство и не случајно е дел од заштитеното светско природно и културно наследство во охридскиот регион. Една од убавините е токму Белчишкото блато кое најголемото сочувано водно живеалиште кај нас, па од тука и интересот на научниците да го истражуваат. Неколку денови пред да змаинам на саемот во Нови Сад, примив група од 16 ботаничари од Ботаничарското друштво од Женева, кои беа во научна екскурзија, а меѓу другото остварија посета и на Белчишкото блато.

Супер радио: Дали до сега некој од научен аспект го има истражувано Белчишкото блато?

Ногачески: Има обиди за истражувања на одредени наши научници, но сега ние треба да го прошириме сето тоа, а работиме и на валоризација на блатото и прогласување на заштитено подрачје. Другата димензија би била да го искористиме Белчишкото блато како атрактивна еколошка туристичка дестинација, без при тоа да биде загрозен природниот биодиверзитет. Во моментов започнуваме и со уште еден извонреден проект во рамките на за прекугранична соработка со Грција, во кој од страна на Шумарскиот факултет научно ќе биде истражена флората во Белчишкото блато,а ќе биде реконструиран и еден објект во центарот на село Белчишта, кој ќе биде изложбен центар на Белчишкото блато.

Супер радио: Пред крај, имате ли и некои други прекугранични проекти на кои работи Општина Дебрца?

Ногачески: Да, зеднички работиме со Република Албанија на проект преку кој во село Брежани, покрај изградба на неколку пешачки патеки, планираме изградаба и на велосиепедска патека, а и реконструкција на еден објект во планинарски дом.

Eмисијата Radio Corner се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Sky Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес