Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Dj Regie Rules со ремикс на „Travel the world“ на Владимир Четкар

Охрид, 18. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Dj и продуцент Dj Regie Rules во пресрет на летото изработи негово гледање на песната „Travel The World“ на Владимир Четкар, овој пат заедно со ID во Regie Rules & Megaphonix Mashup ремиксот.

– Оригиналот секогаш ќе си остане оригинал и е најдобрата верзија од секоја песна. Сепак, ова беше голем предизвик за мене и сакав да направам нешто сосема различно. Како што и самиот Четкар вели, ја облеков песната во друга облека. Мило ми е што му се допадна на Четкар. Песната е за сите оние кои го сакаат овој правец, поточно Progressive House и Future House музиката, порача Regie Rules.

Инаку, Dj Regie Rules досега има изработено повеќе ремикси на теми од македонската поп музика и светската електронска музичка сцена, од кои дел, во изминатиот период се вртеа и низ голем дел од македонските радио станици.

Публиката во Охрид и Струга, но и низ целиот свет преку интернет, може да ја следи неговата авторска емисија Into the groove, секој вторник од 22:00 до 23:00 часот кога е вистинско време да го вклучите вашиот радио приемник на најслушаната локална радио станица Супер радио и да уживате во одбраните денс хитови на Dj Regie Rules. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење